Роналдо спектакуларно се врати по повредата – веднаш даде два гола (ВИДЕО)
Лидерот на табелата во саудиското првенство со ова стигна до нови три бода и се зацврсти на врвот со 70 бодови. Мечот понуди многу возбудувања. Гостите поведоа преку Ал Тулаи во 44. минута, но Ал Наср направи пресврт до паузата со головите на Ал Хамдан и Садио Мане. На стартот од вториот дел, Фелипе Кардосо израмни на 2-2. Потоа следеше шоуто на Роналдо, кој во 56. минута реализираше пенал за 3-2, а 17 минути подоцна повторно погоди по асистенција на Бушал за 4-2. Конечниот резултат го постави Мане со својот втор погодок.
Португалецот со овие два гола стигна до 23 погодоци сезонава во првенството, но уште поимпресивна е вкупната бројка – дури 967 официјални голови во кариерата. Тој драматично се приближува до магичната граница од 1.000 голови – му недостигаат уште само 33 за нов историски подвиг.