Ова ретко се случува: МЗТ Скопје и Работнички одиграа спектакл без ниту еден инцидент! 

Најтрофејните македонски екипи МЗТ Скопје и Работнички во неделата одиграа едно од најубавите, а секако најмирното дерби во историјата на меѓусебните дуели.

Потврдата за тоа стигна од Комесарот за натпреварување кој немаше потреба да анализира што било и само констатираше дека нема забелешка од ниеден од двата клуба, како и од официјалните лица. Такво нешто констатираа и оние што во живо го следеа натпреварот, за разлика од претходните дуели, немаше дивеење на трибините, а и кошаркарите се погрижија да се вклопат во целокупната атмосфера и да го извадат најдоброто од себе на спортски план.

Интересно е тоа што ни клубовите немаа забелешки на однесувањето на навивачите или на судиите што исто така ретко се гледа на дуелите на МЗТ Скопје и Работнички кои во минатото знаеле дури и да се препукуваат преку медиумите по меѓусебните пресметки.