Тинејџерот на Далас е новиот Џордан – историска партија со 51 поен за 33 минути (ВИДЕО)

Новама американска спортска сензација, Купер Флег, продолжува да воодушевува уште во својата дебитантска сезона во НБА, откако ноќеска испиша историја и стана првиот тинејџер кој постигнал најмалку 50 поени на еден натпревар.

Иако неговиот Далас маверикс беше поразен дома од Орландо меџик (127-138), младиот Американец одигра сензационален меч и постигна 51 поен, со шест скока и три асистенции за само 33 минути на паркетот. Флег шутираше импресивни 13/21 за два поени, 6/9 за три поени и беше перфектен од линијата за слободни фрлања – 7/7. Уште повпечатливо е што до рекордот стигна со само 19 години и 103 дена, со што зад себе остави имиња како Мајкл Џордан, леброн Џејмс, Карим Абдул-Џабар и Никола Јокиќ, кои на таа возраст не успеале да стигнат до вакви бројки.

Сепак, тимски подобар беше Орландо, предводен од Вендел Картер јуниор со 28 поени и Десмонд Бејн со 27, кои ја донесоа важната победа за гостите. Торонто репторс, пак, убедливо славеше на гостувањето кај Мемфис гризлис (128-96) и остана во жестока битка за плејоф позициите. Најефикасни кај тимот од Канада беа Ар-Џеј Берет со 25 поени, Колин Мар-Бојлс со 19 и Брендон Инграм со 17, додека кај Мемфис се истакна Џиџи Џексон со 30 поени. Но, и покрај победата, Торонто нема целосна причина за славје, бидејќи директните конкуренти Атланта и Филаделфија исто така победија, па канадскиот тим моментално останува надвор од плејоф зоната. Следува тежок распоред за Репторс – гостување кај Бостон селтикс, два меча со Мајами хит, дуел со Њујорк никс и завршница против Бруклин нетс.

РЕЗУЛТАТИ: Шарлот - Индијана 129-108 Филаделфија - Минесота 115-103 Бруклин - Атланта 107-141 Њујорк - Чикаго 136-96 Хјустон - Јута 140-106 Мемфис - Торонто 96-128 Милвоки - Бостон 101-133 Далас - Орландо 127-138 Сакраменто - Њу Орлеанс 117-113.