Македонија ќе спарингува со БиХ и со Турција и ќе ги испрати на СП!

Maкедонската фудбалска репрезентација не успеа да се пласира на Светското првенство откако загуби во полуфиналниот бараж во Копенхаген од Данска, но ќе игра против две селекции кои веќе се пласираа на Мундијалот.

Имено, закажани се пријателски натпревари против Босна и Херцеговина и Турција, две селекции кои преку баражот стигнаа до билет за Светското првенство наредното лето.

Деталите околу двата натпревари се договорени и ќе се играат во Сараево и Анталија во текот на јуни, додека точните датуми дополнително треба да бидат одредени.

Ќе потсетиме, Босна во баражот на пенали ја елиминираше Италија на свој терен во Зеница, додека Турција во Приштина славеше над Косово.