Брера со „бомба“ на Петровиќ го доби Арсими, „шестка“ за Шкупи во Кратово (ВИДЕО)
Брера не тргна добро во натпреварот бидејќи по само три минути Арсими дојде до водство со голот на Маркел Гони. Сепак, предноста на гостинскиот состав на траеше предолго и струмичани израмнија во 10-тата минута, погоди Филип Михаилов од пенал.
Со по еден гол на двете страни се замина на паузата, а во вториот дел само еднаш се тресеше мрежата. Одлучувачкиот момент се случи на десетина минути пред крајот кога Петровиќ стрелаше за три бода на својот тим.
На вториот натпревар во Кратово немаше изненадување и Силекс многу лесно со 6-0 го испрати веќе отпишаниот Шкупи. Стрелци на головите беа Алиќ, Пиреш, Мирчевски, Бутуровиќ, Анѓелески и Донов.
Овие триумфи и за Брера и за Шкупи дојдоа по четири натпревари во кои не остварија победи и во нив двапати ремизираа и загубија.