Пелистер 2 во финишот ја скрши Струга за втора победа во плеј-аутот

Ракометарите на Пелистер 2 со подобра игра во завршницата славеа победа над Струга со 38-22 и така стигнаа до вториот триумф во плеј-аутот.

Струга во првото полувреме почесто беше во водство, меѓутоа младите пелистерци успеаја да израмант и на одмор се замина со 15-15.

Во второто полувреме сликата на теренот се промени, битолчани почнаа да доминираа, Струга не можепе да го следи темпото и постигна само седум гола во вторите 30 минути, па запиша убедлив пораз.

Најдобар кај Пелистер беше Ненад Белистојановски со осум гола, додека на спротивната страна Наум Костов постигна седум погодоци.