Гатузо поднесе оставка: Заминувам со болка во срцето!
Гатузо го напушта кормилото на „аѕурите“, откако не успеа да ја исполни главната цел, а притоа даде емотивна изјава.
„Заминувам со болка во срцето, откако не ја исполнивме главната цел. Дресот на Италија е нешто најсвето во фудбалот. Им благодарам на сите за довербата и поддршката која ми ја покажаа. Ми беше чест да ја тренирам Италија и оваа група на фудбалери која покажа голема посветеност“, кажа Гатузо.
Претходно оставка си поднесоа претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина и шефот на италијанската делегација, Џанлуиџи Буфон.