Родри пред важен чекор во кариерата - доби две примамливи понуди!

Поранешниот освојувач на „Златната топка“, Родри наскоро треба да донесе одлука каде планира да игра од следната сезона, откако Реал Мадрид и Манчестер сити му испратија понуди.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека „кралевите“ покажале голем интерес и сакаат да го добијат неговиот потпис, но „граѓаните“ нема да се предадат без борба и затоа му испратиле понуда.

Шпанскиот репрезентативец го носи дресот на премиерлигашот од 2019 година, а претходно играше за Атлетико Мадрид и Виљареал.

Фото: Facebook/Manchester City