Потврдено: Олимпијакос го чека пекол во Охрид!

Македонскиот суперлигаш Охрид го пречекува Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето од ЕХФ Европската лига во салата „Билјанини Извори“ која ќе биде исполнета до последното место.

„Гладијаторите“ ќе добијат огромна поддршка од трибините во обидот да го елиминираат грчкиот тим и да испишат клупска историја, односно да се изборат за полуфинале во европското натпреварување.

Охрид влегува во реваншот против грчкиот ракометен тим со предност од пет голови, откако славеше со 31-26 во Атина.

Натпреварот меѓу Охрид и Олимпијакос се игра во салата „Билјанини Извори“ в сабота од 18 часот.

Фото: ГРК Охрид - GRK Ohrid