По оставката на Гатузо: Италија доби „корпа“ од поранешен тренер на Интер

Џенаро Гатузо си поднесе оставка откако не успеа на Италија да ѝ обезбеди пласман на Светското првенство (СП), а раководството на „аѕурите“ веднаш покажало интерес за Симоне Инзаги, но набрзо стигна „корпа“.

Новинарите ги интересираше дали Инзаги би прифатил понуда да се врати во татковината и да ја предводи репрезентацијата на Италија, по што стратегот даде краток, но јасен одговор.

„Да го заменам Гатузо? Ми годи интересот, но во моментов работам во Саудиска Арабија. Заработувам многу пари, иако не сум тука поради нив. Во Интер научив многу работи, сепак не сум заинтересиран да го напуштам Ал Хилал“, кажа Инзаги.

Фото: Facebook/Nazionale Italiana di Calcio