Симеоне го нападна Торес, па почна да се извинува (ВИДЕО)

Барселона славеше со 2-1 против Атлетико Мадрид во шпанската Ла Лига, а на натпреварот беше забележана една интересна ситуација во која главна улога имаше тренерот Диего Симеоне.

Симеоне збесна во еден момент и го нападна Феран Торес од Барселона, но набрзо забележа дека доаѓа судијата кон него, па почна да се извинува, најверојатно за да избегне црвен картон.

Судијата му покажа жолт картон, по што стратегот на Атлетико продолжи да се извинува за неговиот потег.