ЖФК Љуботен: Го погребавте фудбалот, згаснува бренд по кој е познат женскиот фудбал!

Женскиот фудбалски клуб Љуботен денеска објави соопштение преку социјалните мрежи во кое се најавува крај на клубот затоа што смета дека бил оштетен од случувањата во изминатиот период.

Во соопштението се вели дека клубот е оштетен од неспортски случувања на терените во последно време, но и некои одлуки од Фудбалската федерација.

„Денес беше последниот натпревар за многу играчи во ЖФК Љуботен, последен со интернационалки, последен по многу нешта!

По последните случувања на терените за кои сме повеќе од сигурни беа се само спортски не, како и одлуките на Фудбалската Федерација јасно и гласно ни покажаа дека нема место за успешни, за тие кои искрено вложуваат и сакаат напредок во спортот.

Изгубија сите изгуби Тетово, изгуби репрезентацијата имаме 10 репрезентативки, изгуби фудбалот, згаснува бренд по кој е познат женскиот фудбал во регионот и пошироко!

Сега неколку збора и за ЖФК Љуботен под наше менаџирање последниве 6 години:

Клубот го презедовме во март 2020 година како најслаб во лигата во сезона 2019/2020година убедливо на последно место и кога сите прогнозираа згаснување ние се спасивме, тука имаше и улога прекинот поради короната!

Денес дами и господа вие го погребавте Тетово, пркосот или тоа што им бодеше во нос на сите тука успесите на ЖФК Љуботен, денес Вие можеби ставте клуч на најстариот машки фудбалски клуб Љуботен денес ја погребавте македонштината и уште еднаш ни кажавте дека нема место за луѓе со чесност, визија и успеси! За нас Тетово и Македонија се светост ние сме сигурно многу поголеми од сите Вас и тие што ве советуваат ова да го направите, но чесноста ни е пред се“, се вели во соопштението.

Љуботен неодамна беше казнет со одземање на девет бодови и парична казна од 750 евра зашто го напушти теренот во дуелот со АС Јунајтед.

Фото: ЖФК Љуботен - Тетово Официјална Страна