Италија е во голем проблем - само еден стадион е подготвен за ЕП 2032

Италијанските медиуми пишуваат дека земјата се соочува со големи проблеми во пресрет на Европското првенство (ЕП) во 2032 година, а само еден стадион е подготвен за да биде домаќин на турнирот.

Италија и Турција во 2023 година аплицираа за организација на турнирот, а притоа пријавиле 10 стадиони кои треба да бидат организатори на натпреварите, но „Фудбал Италија“ пишува дека само фудбалскиот храм на Јувентус е подготвен за натпреварувањето.

Дел од останатите стадиони сè уште не се изградени, како новите терени во Милано, Рим и Каљари, додека другите треба да претрпат сериозна реконструкција.

Стадионите во Бари, Наполи, Фиренца, Верона, Болоња и Џенова се следни за реконструкција и фудбалската федерација се надева дека ќе успее да ги заврши навреме.