Работнички ја освои Струга за четврти триумф по ред во Првата лига (ВИДЕО)

Фудбалерите на Работнички триумфираа против Струга со 2-1 во 25. коло од Првата македонска фудбалска лига и така ја запишаа четвртата победа по ред.

„Романтичарите“ до водство стигнаа преку Попзлатанов во 14. минута кога голманот Ангелети направи голема грешка, по што Струга се закани неколку пати кон голот на скопската екипа, но не успеа да го пронајде патот до мрежата.

Струга израмни на почетокот на вториот дел, односно во 49. минута кога Малески од пенал погоди за 1-1. Работнички не се повлече по примениот гол, туку се закани неколку пати во продолжение, меѓутоа Ангелети беше на висина на задачата.

Голот за победа на екипата од Дебар Маало го постигна Мехмед во 85. минута, со што Работнички освои големи три бодови во трката за опстанок.

Струга е на третата позиција со 53 поени, додека Работнички е на 10. место со 25 бодови.