По 37 години и четири загубени финалиња – Мичиген е владетел на НЦАА (ВИДЕО)
Во финалето, пред повеќе од 70 илјади гледачи, Мичиген го совлада бранителот на трофејот Јукон со 69-63, носејќи му на својот колеџ титула што ја чекаше 37 години. Јукон освои две титули за три години, но овој пат, тимот на Боб Харли беше подобар тим и стави крај на серијата од четири загубени финалиња во НЦАА (1992, 1993, 2013 и 2018 година)
Беше драматично на самиот крај, Хаскис погодија тројка на 45 секунди до крајот и се доближија до четири поени негатива (63-67), но Јаксел Лендборг беше смирен и ја потврди победата на својот тим од линијата за слободни фрлања. Не беше убаво за гледање, имаше многу промашувања (особено од далечина) на двата коша, но борбата беше интересна и безмилосна.
За најкорисен играч во финалето беше прогласен кошаркарот на Мичиген, Елиот Кадо кој постигна 19 поени, вклучувајќи неколку важни кошеви во финишот.