Американците удрија по кошаркарка од ВНБА поради - топлес фотки (ФОТО)

Американската кошаркарка Софи Канингем (30), која последните две сезони ги помина во редовите на Индијана фивер, се најде на мета на остри критики од христијанските конзервативци откако разголена позираше за списанието „Максим“.

Кошаркарката, на која ѝ истече договорот со тимот од Индијана, во интервјуто зборуваше за важноста на христијанската вера во нејзиниот живот, додека на една од фотографиите позираше топлес. Во разговорот за „Максим“, Канингем откри каков маж посакува за иден сопруг, нагласувајќи дека ѝ е исклучително важно да ја делат истата вера.

„Имам многу високи критериуми за мојот иден сопруг. Тоа ќе биде некој кому Христос му е во центарот на животот и кој може да ме води на мојот пат со Исус. Некој што е дружељубив, самоуверен и сигурен во себе. Сакам некој што ќе ме поттикнува да напредувам во верата, некој што е лојален и што го сака секој дел од мене“, изјави таа.

Посебно внимание во јавноста привлече фотографијата на која американската кошаркарка позира топлес, додека долгата руса коса ѝ ги прекрива градите. Поради тоа, католичкиот конзервативен правен експерт и професор на Универзитетот Принстон, Роберт Џорџ, остро ја критикуваше Канингем во изјава за „Кристијан пост“.

„Повеќе не можам да го делам мислењето на оние кои ги поттикнуваат младите жени да ја сметаат за пример. Не би сакал тоа да го прават мојата ќерка и моите внуки. Тоа што на фотографиите за списанието 'Максим' се прикажа на порнографски начин го прави тоа невозможно. Не разбирам зошто би направила такво нешто“, порача Џорџ.

Инаку, Канингем влезе во ВНБА-лигата во 2019 година како 13. избор на драфтот. Првите шест сезони ги помина во Феникс меркјури, а последните две во Индијана фивер, каде што беше соиграчка на големата ѕвезда на американската кошарка, Кејтлин Кларк. Пред почетокот на професионалната кариера, четири години настапуваше за Универзитетот Мисури, кој го напушти како најдобар стрелец во историјата на неговата женска кошаркарска програма со 2.187 постигнати поени.

Со тимот на Феникс играше во финалето на ВНБА-лигата, а со Индијана го освои Купот на комесарот), но шампионската титула во ВНБА никогаш ја нема освоено.