Конте нималку скромен: Би се ставил себеси за селектор на Италија

Поминаа шест дена откако Италија беше елиминирана од Босна и Херцеговина во плејофот за Светското првенство, а тој натпревар се уште е во центарот на вниманието на „Чизмата“.

Џенаро Гатузо поднесе оставка од функцијата селектор, Џиџи Буфон си замина, а пред неколку дена Габриеле Гравина поднесе оставка од функцијата претседател на Италијанската фудбалска федерација. Веќе се зборува за потенцијалните наследници на Гатузо. Симоне Инзаги учтиво се заблагодари, не сакајќи да го напушти мирот што го има во Саудиска Арабија, Масимилијано Алегри веднаш се дистанцира и сака да ја заврши сезоната во Милано. Со други зборови - никој не сака да се вмеша во хаос и да ја стави на коцка својата тренерска кариера.

Сепак, Конте не е меѓу нив. Тој би сакал да се види себеси на позицијата селектор. Тренерот на Наполи по натпреварот со Милан зборуваше за репрезентацијата на која беше на чело од 2014 до 2016 година.

„Медиумите мора да пишуваат нешто, единственото исправно нешто би било моето име да биде на списокот на потенцијални нови селектори. Да бев претседател на Федерацијата, би се разгледал себеси. Од неколку причини.

Веќе работев со луѓе од Федерацијата, ја познавам околината. Би ми било чест да ме назначат. Нема ништо подобро од претставување на твојата земја. Разочарувачки е што ако само ја елиминиравме Босна и Херцеговина, ќе почнеше приказната за големо достигнување и како Италија игра одличен фудбал. Во овој спорт се важни само резултатите“, објасни Конте.

Под негово водство Италија играше на Европското првенство во 2016 година и стигна до четвртфиналето каде на пенали загуби од Германија.