Се нижат проблемите за Барса - и Педри се повреди
Тренерот на Барселона, Ханси Флик во моментов не може да смета на Рафиња и Френки де Јонг, а на листата би можел да се најде и Педри. Шпанскиот плејмејкер го напушти вчерашниот натпревар против Атлетико по првото полувреме, а иако многумина мислеа дека се работи за тактички потег на Флик, всушност причината е повреда.
Педри, наводно, се пожалил на болки во задната ложа, па германскиот стручњак го извадил од игра поради претпазливост. Во текот на денов ќе бидат извршени неопходните прегледи по што ќе се знае за што точно се работи и дали, евентуално, Педри ќе паузира подолго време.