Кармата е зезната: ВАР ја спаси Шкендија против „ВАРдар“! (ВИДЕО)
По провокациите пред дуелот, во кои тетовскиот клуб го претстави Вардар како миленик на ВАР, технологијата имаше клучна улога и на теренот. Сега, по ваквиот расплет, излегува деа Шкендија, а не Вардар е миленик на ВАР бидејќи не само што се спаси од пораз, туку и ја задржа лидеркста позиција на табелата во Првата македонска фудбалска лига.
Од трите поништени голови, два беа за Вардар, а еден на тетовци. Шкендија прва ја затресе мрежата во 31. минута. Нџенгуе успеа да го совлада Давор Талески, но радоста на домашните кратко траеше. По проверката, ВАР-системот го поништи погодокот поради офсајд, па резултатот остана непроменет.
Во продолжението Вардар се обидуваше да дојде до водство, а најголемата драма се случи во самата завршница. На истекот на регуларните 90 минути, Данев ја затресе мрежата на Шкендија и се чинеше дека „црвено-црните“ ќе го решат дербито во своја корист. Сепак, повторно следуваше проверка, по која голот беше поништен. Но, тоа не беше крајот на возбудувањата! Вардар постигна уште еден гол преку Спахиу во 96. минута и ВАР повторно интервенираше и го поништи и тој погодок поради офсајд.
Реми без голови значи дека двата ривали освоија по еден бод во директната битка за врвот. Шкендија останува лидер со 24 бода, пред Струга со 23, додека Вардар е трет со 21 бод.