МЗТ со пораз во Никшиќ ја почна сезоната во АБА2 (ФОТО)
Македонскиот тим немаше најдобар почеток на натпреварот (11-16), но потоа се разбуди и до полувреме направи целосен пресврт (40-39).
Големата борба меѓу двете екипи продолжи и во второто полувреме, а екипата од Аеродром не го издржа притисокот во последната четвртина и загуби со 75-85.
Најефикасен во редовите на МЗТ Скопје беше Ноа Фарахан со 18 поени, додека Митровиќ запиша 22 поени за Сутјеска.
МЗТ има густ распоред во следниот период, па така во вторник ќе се соочи против АЕК Лимасол во ФИБА Европа Купот, а два дена подоцна ќе се соочи против Струмица во македонската лига.



Фото: ABA2 (Sutjeska Elektroprivreda/Andrija Radulovic)