Германија со „петарда“ ја потопи Холандија, Србија загуби и од Грција!
Избраниците на Јирген Клоп го отворија резултатот во 41. минута преку Шерхант, додека во второто полувреме целосно го декласираа противникот.
Во листата на стрелци се запишаа Вирц (два пати), Шлотербек и Груда за победа од 5-0 против Холандија.
Србија играше катастрофално на гости кај Грција и загуби со 0-1, откако Масурас го постигна единствениот гол за домаќините, иако генералниот впечаток е дека нашиот северен сосед можеше да помине и многу полошо во Волос.