Работнички по пет ипол години го освои Аеродром и потврди дека има тим што ќе ја врати славата (ФОТО)
Ова е прв триумф на „центарци“ на жешкиот терен на противникот по пауза од пет ипол години, со оглед што последен пат победија во „Јане Сандански“ уште во првата половина од 2021 година и тоа во малата сала. Тие имаа гостинска победа над „металците“ и во 2024 година, но тогаш средбата принудно се играше во Кисела Вода, а црвено-белите последен пат во големата сала во аеродромската арена победија дури во веќе далечната 2018 година.

Клучна за победата на 15-кратниот шампион беше серија 20-4 во третиот период, со која дојдоа до предност од 10 поени (52-42). Тоа беше најава дека доаѓа промена во поредокот во македонската кошарка, за домаќинот до крајот најмногу што направија е беше да спуштат на минус пет (59-64). Тогаш Лука Стојановски промаши за тројка целосно да ја врати неизвесноста што резултира со 10 поени во низа на гостинскиот тим за потврда на големата победа.

Виктор Ефремовски со 17 поении шест скока и Џексон Елингсворт со 14 поени и 10 скока беа најдобри во победничкиот тим, додека Адем Мекиќ со 14 поени и 12 скока беше прво име во таборот на МЗТ.
Работнички останува непоразен со скор 7-0, додека МЗТ опстана второпласиран, но сега со скор 5-2.





