Чеферин: Македонија ми е блиска, а Масар ми е пријател! (ВИДЕО)
Чеферин ќе биде гостин на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), а во најавата за интервјуто кажа дека има одлични односи со нашиот фудбалски сојуз, но и со претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.
„Јас секогаш сакам да дојдам во Македонија. Имам супер односи со федерацијата. Една од причините за моето доаѓање е мечот меѓу Македонија и Словенија, додека втората причина е што имаме одлични односи со федерацијата, со Масар. Исто така, Масар и претседателот на словенечкиот сојуз, Раденко, имаат роденден денеска и затоа го одбрав тој натпревар за да дојдам.
Голема работа е ако 24 часа дневно можеш да му се јавиш на претседателот на УЕФА. Не верувам дека во скоро време ќе има некој од нашиот регион кој ќе биде претседател на УЕФА, човек кој навистина ги сака сите земји од опкружувањето. Мене Македонија ми е блиска, вашиот менталитет ми е близок, Масар ми е пријател и тоа помага“, кажа Чеферин.
Целото интервју на претседателот на УЕФА ќе биде објавено утре на страната на ФФМ.