Ништо од враќањето: Канада ја затвори вратата за руските хокеари

Руската хокеарска репрезентација до 20 години нема да настапи на претстојното Светско првенство во Канада, откако домаќинот одлучи да им забрани влез на руските спортисти и официјални лица, а Меѓународната хокеарска федерација (ИИХФ) ја потврди нивната неучество.

Одлуката доаѓа и покрај тоа што Судот за спортска арбитража (ЦАС) неодамна пресуди дека Русија треба да биде вратена во меѓународните хокеарски натпреварувања. Канадската влада, сепак, остана на ставот дека нема да дозволи руски и белоруски спортисти да влезат во земјата, дури и доколку поседуваат важечки визи.

ИИХФ соопшти дека по разгледувањето на можните алтернативи одлучила турнирот да се одржи во Канада, од 26 декември до 5 јануари, во Едмонтон и Ред Дир. Со исклучувањето на Русија, Норвешка повторно ќе биде дел од шампионатот, откако претходно се појави можност да го загуби местото поради враќањето на руската селекција.

Руската хокеарска федерација ја оцени одлуката како незаконска и политички мотивирана, најавувајќи дека ќе се обрати до Меѓународниот олимписки комитет.

Русија и Белорусија се надвор од меѓународните хокеарски натпреварувања од 2022 година, по руската инвазија врз Украина. Одлуката за младинското Светско првенство дополнително ги продлабочува несогласувањата во светскиот хокеј, особено откако неколку европски федерации најавија дека нема да играат против Русија на следното сениорско Светско првенство.