Чеферин вечерва на арената ќе го гледа натпреварот на Македонија и Словенија
Чеферин денеска пристигна во Македонија, а неговото присуство на натпреварот го потврди претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.
„Некои гости не доаѓаат само во посета, туку се враќаат затоа што имаат причина да се чувствуваат добредојдени. Големо задоволство е повторно да го пречекам претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, кој на моја покана престојува во приватна посета на Македонија и ФФМ.
Вечерва заедно ќе го следиме дуелот Македонија – Словенија. На теренот секој за своите, надвор од него, повеќе од пријателство. Добредојде повторно, Александар. Македонија е секогаш добар избор! Посебно, денеска“, објави Омерагиќ на социјалните мрежи.
Дуелот помеѓу Македонија и Словенија е закажан во терминот од 20:45 часот.