Данецот кој не се прослави во Тотнем се враќа во Премиер лигата
Пјер Саж ја плати цената за очајните резултати на тимот на стартот од сезоната. По првите 10 кола, Кристал Палас освои само седум бода, се наоѓа на последното место на табелата, па разделбата со тренерот беше неизбежна.
За Франк ова ќе биде трет ангажман во англиската елита, по претходните искуства со Брентфорд и Тотнем.
На клупата на Брентфорд помина дури седум години, во кои успеа да го внесе клубот во Премиер-лигата и забележа вкупно 132 победи.
Неговиот престој во Тотнем беше значително пократок и помалку успешен. Данецот го водеше тимот само осум месеци, а замина во февруари, кога лондонскиот клуб се наоѓаше на 16. позиција со само пет бода повеќе од зоната за испаѓање.
До крајот на сезоната Тотнем водеше тешка битка за опстанок и дури во последното коло успеа да го обезбеди местото во елитата.