Историско ниска посета: На Арената едвај 2.000 луѓе! (ФОТО)

Македонија вечерва го игра последниот меч од групната фаза во Лигата на нации против Словенија, а интересот за истиот е на историски ниско ниво бидејќи на трибините на Националната арена „Тодор Проески“ има околу 2.000 навивачи.

Натпреварот нема посебно резултатско значење за Македонија, која ќе заврши на последната позиција во групата, па очигледно тоа е една од причините поради кои има мал број фанови на стадионот.

Во моментов трае и вечното кошаркарско дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички, каде што може да се забележат далеку повеќе навивачи.