Македонија го дозна и последниот можен противник за баражот во Лигата на нации

Фудбалската репрезентација на Македонија го дозна и последниот потенцијален противник за баражот во март за опстанок во Б-дивизијата од Лигата на нации.

По комплетирање на вечерашните натпревари од групата Ц4, во кои Исланд го надигра Луксембург со 3-0, а Естонија славеше со 2-1 против Бугарија, стана јасно дека потенцијален ривал на Македонија во баражот ќе бидат Естонците.

Естонија заврши на втората позиција во групата 4 од Лига Ц со 12 бодови, односно два помалку од Исланд.

Македонија во баражот како можни ривали ги има и Молдавија, Фарски Острови и Белорусија.

Ждрепката за баражите е закажана за 20 ноември, а натпреварите ќе се играат од 25 до 30 март 2027 година. 

Фото: Facebook/Eesti jalgpall