Равена заработи еден куп пари од дебито на Роналдињо!

Италијанскиот третолигаш Равена заработи дури 199.000 евра од продажба на влезници за натпреварот против Форли, на кој настапи и легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо.

Стадионот беше исполнет за дебито на Роналдињо, односно на трибините се најдоа дури 6.743 гледачи, а тоа му донесе и солиден приход на италијанскиот клуб.

Роналдињо не разочара на неговиот настап за Равена, за која одигра едно полувреме, а притоа учествуваше во акција за гол.