Малески: Мора да се погледнеме во очи - разочарувањето е големо!
Малески по поразот од Словенија кажа дека на репрезентативците им е тешко затоа што националниот тим се наоѓа во ваква ситуација.
„На нас играчите ни е најтешко. Не очекувавме вакво нешто, сакавме победа и жал ни е што заврши вака. Разочарувањето е големо кај сите, мора да извлечеме поука и да почнеме да победуваме. Треба да го дадеме максимумот, мора сите да се погледнеме во очи и да одиме понатаму“, кажа Малески.