ТФТ го надигра Штип за втора победа во Суперлигата
Првата четвртина понуди израмнета кошарка од двете екипи, а ТФТ го засили темпото во продолжение од мечот и до полувремето создаде предност од 44-31.
Штип заигра подобро во второто полувреме, но ТФТ успешно го бранеше водството и на крајот успеа да слави со 84-70.
Вајт беше најефикасен кај ТФТ со 22 поени, четири скокови и пет асистенции, додека Хамилтон постигна 27 поени, шест скокови и четири асистенции за Штип.