Струга го декласира Скопје и го презема врвот во лигата (ВИДЕО)

Поранешниот освојувач на лигата, Струга Трим Лум славеше во пресметката со Скопје со убедливи 4-0 во рамки на 11. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Струга го отвори резултатот со спектакуларен гол во 11. минута кога Бојку од поголема далечина ја затресе мрежата на Скопје.

Скопје набрзо прими и втор погодок, откако Христијан Малески ја затресе мрежата на гостите, а потоа падна и третиот погодок преку Агамах.

Домашниот тим на стартот на вториот дел постигна и четврти гол преку Воша, по што Скопје до крајот на средбата не успеа да постигне барем почесен погодок во средбата.

Струга со оваа победа го презема врвот во Првата лига и има 23 бодови, додека Скопје останува последен со три поени.

Фото: Facebook/F.C. Struga