Македонија до 15 години со триумф над Панама го отвори Мундијалот
Фисник Амити стрелаше два пати за Македонија, а во листата на стрелци се запишаа и Доротеј Христов и Стефан Стојаноски.
Светското првенство во форматот 7+1 е дел од проектот на ФИФА за развој на младинскиот фудбал и обезбедување меѓународно натпреварувачко искуство. Дуелите се играат со седум играчи во поле и голман, во времетраење од 40 минути, со две полувремиња од по 20 минути.
Македонија е во група со Панама, Чад, Кенија, Малта и Нигер.