Директор на Баерн со нови детали: Компани ќе остане во болница уште неколку дена!
Еберл кажа дека здравјето на белгискиот стратег е поважно од фудбалот и затоа ќе му дадат време колку што е потребно.
„Добрата вест е дека неговата состојба е стабилна. Разговаравме вчера, а разговарав и со неговата сопруга. Ова не беше пријатен момент за никого. Тој колабираше, заврши во болница и ќе остане таму уште неколку дена. Ова уште еднаш ни покажува дека фудбалот не е најважната работа во животот. Најважно е здравјето“, изјави Еберл.
Компани и претходно имал здравствени проблеми поради вирусна инфекција, поради која пропуштил неколку тренинзи.
Фото: Facebook/FC Bayern München