Потврдено: УФЦ ќе организира настан во Србија!

Првиот човек на УФЦ, Дена Вајт во разговор со популарниот Адин Рос откри дека се планира организирање на настан во Србија.

Долго време се шпекулираше дека УФЦ доаѓа во Србија, а конечно пристигна и потврда од Вајт.

„Продолжуваме со договори ширум светот, ќе патуваме повеќе. Нови договори со Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, а одиме и во Србија“, откри Вајт.

Сè уште не е познато кои борби ќе се одржат на настанот и кога точно ќе биде одржан истиот.