Флик го даде одговорот кој го чекаше цела Шпанија!
Јамал неодамна се повреди во натпреварот против Селта при изведувањето пенал и за него клупската сезона заврши, а според Флик за Мундијалот ќе биде подготвен.
„Добро напредува. Мислам дека ќе го видиме на Светското првенство. Има повеќе време за опоравување и враќање, тоа е она што го сака“, изјави Флик на прес-конференцијата пред натпреварот од Ла Лига против Осасуна.
Флик исто така изрази оптимизам за враќањето на Рафиња кој се повреди на репрезентативните обврски во март.
„Рафиња е фудбалер кој секогаш дава 100 проценти, било на терен или на тренинг. За нас е важно да се врати. Ќе патува со нас, па ќе видиме што ќе се случи утре во Памплона“, изјави Флик.
Барселона овој викенд може да ја освои титулата шампион на Шпанија доколку ја победи Осасуна, а Реал Мадрид не успее да го совлада Еспањол.
Фото: Barcelona FC