Инфантино сакаше да ги смири Палестина и Израел - не успеа! (ВИДЕО)

Внимание на конгресот на ФИФА во Ванкувер привлече и ситуацијата во која првиот човек на Светската фудбалска федерација се обиде да помогне во ракување помеѓу палестинскиот претседател, Џибрил Раџуб и израелскиот потпретседател на Фудбалскиот сојуз во оваа земја, Басим Шеик Сулиман.

Имено, моментот се случи кога Ифантино се поздравуваше со едниот и со другиот, а потоа сакаше и двајцата да се поздрават меѓусебе, сепак неговиот обид помина безуспешено.

Очигледно воениот конфликт помеѓу двете земји беше посилен од желбата на Инфантино да донесе еден вид помирување.