Големиот Роберто Баџо е хит, стана ТикТок ѕвезда на 57 години (ВИДЕО)

Легендарниот фудбалер Роберто Баџо отвори профил на ТикТок и веднаш стана вистинска ѕвезда на оваа платформа. 

За само неколку дена 57-годишниот Италијанец на оваа социјална мрежа собра над 200.000 следбеници.

Покрај извонредната техника и одличното изведување слободни удари, Баџо остана запаметен и по својот стил и карактеристичната фризура која стана негов заштитен знак.

Сепак, повредите ја обележаа неговата кариера и во голема мера ја скратија, а денес легендарниот фудбалер живее повлечен живот на село во Италија. Но, како што изгледа, неговите обожаватели не го заборавиле.

Тој се обрати до јавноста прекуТикТок од својата градина, а на видеото може да се види како жонглира со топка. Веројатно ова е само почеток на неговата нова „кариера“ како инфлуенсер, бидејќи Баџо очигледно има што да покаже и каже на социјалните мрежи.

@robertobaggio Ciao ragazzi! Da oggi sono anche io su TikTok 👀😂 #RobertoBaggio ♬ original sound - Roberto Baggio