Трамп јасно го кажа својот став за настап на Иран на Мундијалот!

Американскиот претседател Доналд Трамп во разговор со новинарите изјави дека е во ред репрезентацијата на Иран да настапи на Светското првенство.

Оваа изјава следува откако првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, потврди дека Иран ќе биде дел од турнирот и своите натпревари ќе ги игра во САД според планираното.

„Ако Џани го кажал тоа, тогаш е во ред. Знаете што? Нека играат“, изјави Трамп.

Британските медиуми претходно објавија дека настапот на Иран на Мундијалот е неизвесен поради конфликтот со САД и Израел.

Претходно исто така се пишувашѓе и дека специјалниот пратеник на американскиот претседател, Паоло Замполи предложил Италија да го замени Иран на Мундијалот. Сепак, јасно е дека тоа нема да се случи, бидејќи Италијанците и самите ја отфрлија таквата идеја.  

Фото: Instagram/gianni_infantino