Шкендија ја губи трката со Вардар, тетовци не победија и во Кратово! (ФОТО+ВИДЕО)
Шкендија по неочекуваниот кикс и поразот на Башкими на домашен терен во Тетово денеска немаше право на грешка во Кратово против Силекс кој до крајот на сеозната игра без резултатски притисок, но и покрај тоа не загуби и успеа да дојде до реми 1-1.
Гостите од Тетово го отворија резултатот кога во 19-тата минутата Нзенгуе стрелаше за водство на избраниците на Јетон Беќири. Со предност од еден гол Шкендија замина и на паузата.
Проблемите за тетовскиот состав почнаа на 20-тина минути пред крајот кога Фабрис Тамба заработи втор жолт картон и беше исклучтен. Во таква ситуација не издржаа до крајот и Мишов го постигна својот првенец за Силекс во 88-та минута со кој обезбеди реми.
Сега, по ова реми на Шкендија, Вардар има прилика утре со триумф над Башкими да побегне на огромни шест бода на три кола пред крајот.
Maкедонија Ѓорче Петров лесно ги освои планираните три бода против веќе испаднатиот Шкупи и славеше победа од 4-0. Со овој триумф „лавовите“ ги задржаа надежите дека до крајот на сезоната можат да дојдат до бараж преку кој би обезбедиле опстанок, иако и тоа ќе им биде тешко бидејќи Пелистер пред нив има два бода повеќе и натпревар помалку.


