Во Лигата на нации со друг дизајн: ФФМ го претстави новиот дрес на Македонија (ФОТО)

Фудбалската федерација на Македонија денеска ги претстави новите дресови со кои нашата репрезентација ќе игра во следниот период, почнунвајќи од пријателските натпревари во јуни и потоа во Лигата на нации.

Решението, особено за првиот дрес, е нешто ново за македонскиот национален тим бидејќи има хоризонтални линии, нешто што не беше својствено во минатото.

„Со гордост го претставуваме новиот дрес на македонската репрезентација. Симболика што ја претставува гордоста и единството на нашата земја, каде што секој бод носи спомен, а секоја линија, надеж. ФФМ и Адидас, едноставено, но кажува доволно.  Стил, став и јасна порака кој си и што претставуваш кога ќе излезеш на терен“, објави ФФМ.

Првиот меч со овие дресови, Македонија ќе го игра пред крајот на мај кога гостува на Босна и Херцеговина во Сараево.