Фердинанд распали по ѕвезда на Ливерпул: Живее од репутација изградена во минатото
Фердинанд го обвини Ван Дајк дека не е доволно добар и посочи дека живее од репутација која ја изградил со настапите од пред неколку години.
„Луѓето ќе се возбудат поради ова, но не се грижам. Ван Дајк живее од репутација која ја изгради пред неколку години. Вечерва се забележа тоа многу јасно. Кога ПСЖ го крена интензитетот, тој не изгледаше како лидер, туку како слабост во тимот“, кажа Фердинанд.
ПСЖ и Ливерпул го играат реваншот на 14 април.