Од -16 до победа: Трипл дабл на Јокиќ и луд пресврт на Денвер (ВИДЕО)
На десет минути пред крајот на натпреварот, Портланд имаше водство од 16 поени, сепак Денвер победи по продолжение со 137-132, со уште еден трипл дабл од Никола Јокиќ. До средината на последната четвртина, Портланд погодуваше што сакаше. Играчите на Блејзерс постигнаа дури 25 тројки и имаа огромни +16 по што се чинеше дека работата е завршена.
Ни тоа не беше доволно на крајот. Нагетс, носени од Никола Јокиќ, успеаја да ја свртат ситуацијата во своја корист. Кога Ерон Гордон погоди тројка од корнер за +2 за домаќините на минута до крајот, се чинеше дека Денвер ќе успее да сврти сè и да избегне уште едно продолжение оваа сезона. Јокиќ можеше да го реши натпреварот во корист на својот тим пред продолжението, но не беше прецизен во два наврата.
Немаше сомнение во продолжението, Денвер дојде до триумфот без поголеми проблеми и забележа уште една победа. Јокиќ го заврши натпреварот со 35 поени, 14 скока и 13 асистенции – 197. трипл-дабл во неговата кариера. Шутираше 15 од 31 од поле (14 од 26 за два поени и 1 од 5 за три поени). Интересно е што сите негови други соиграчи (осум од нив) упатија вкупно 70 шутеви. На другата страна, Тумани Камара постигна 30.
РЕЗУЛТАТИ
Атланта – Њујорк Никс 105-108
Орландо – Детроит 123-107
Мемфис – Кливленд 126-142
Сан Антонио – Филаделфија 115-102.
Денвер – Портланд 137-132