И Косово го смени дресот - ќе носат иста марка како Македонија! (ФОТО)
Според најавата, за следните две сезони, на десет европски национални тимови, вклучувајќи ги и Косово и Македонија, изработени им се уникатни дизајни на Адидас, развиени во тесна соработка со соодветните федерации.
Покрај тоа, Фудбалската федерација на Косово ќе има пристап и до ексклузивната услуга „Locker room“ на Адидас, која овозможува дизајнирање и нарачка на персонализирана облека за тимовите. Оваа услуга има за цел да гарантира високи стандарди за перформанси и достоинствено претставување на репрезентативниот тим на меѓународната сцена.