Во Реал сѐ е изместено: Играч му рекол на Арбелоа да не му се обраќа
Шпанските медиуми објавија дека нивниот однос се влошил до тој степен што понатамошната соработка станала невозможна, а Себаљос веќе практично се збогувал со своите соиграчи. Капката што ја прелила чашата била непријатната средба во тренинг кампот на Валдебебас минатиот четврток, која ја иницирач самиот Себаљос. Откако разговарач со Арбелоа, играчот од средниот ред се вратил кај своите соиграчи и им открил дека побарал од тренерот да го отстрани од тимот. Тој како причина наведе личен проблем, додавајќи дека повеќе не очекува да биде повикан за натпревари.
„Го замолив Арбелоа повеќе да не ми се обраќа“, наводно им рекол на соиграчите.
Односите меѓу Себаљос и Арбелоа се затегнати веќе некое време и ова не беше прв пат да се судрат. Себаљос не играше ниту една минута откако се врати од повредата на почетокот на април. Неговиот последен настап беше во февруари против Осасуна, кога негова грешка доведе до пораз од 1-2. После тоа, тој исчезна од сите комбинации околу составот.
Иако 29-годишниот играч од средниот ред има договор со Реал до 2027 година, тој веќе донел одлука да замине. Неговото заминување би ослободило и простор во буџетот за плати на клубот, што би овозможило доведување засилувања или развој на помлади играчи. Бетис, каде што Себаљос играше од 2014 до 2017 година, се споменува како најверојатна дестинација, но трансферот ќе зависи од финансиските услови. Со оглед на тоа дека тој ќе биде достапен на пазарот, интерес би можеле да покажат и други клубови од Шпанија и Европа.
фото: realmadrid.com