„Да бевме од Србија, сите ќе добиевме откази“
Србинот немаше соодветна помош од соиграчите, Џамал Мареј не беше на нивото и Минесота заслужено се пласираше понатаму. По елиминацијата, Јокиќ не се штедеше ниту себе, ниту тимот. Запрашан од новинарите дали смета дека му се потребни промени на Денвер во текот на летото за повторно да се вмеша во борбата за шампионската титула, Јокиќ кратко одговори:
„Искрено, тоа не е моја одлука. Дефинитивно. Мислам дека, да бевме во Србија, сите ќе добиевме отказ.“
Откако во 2023 година ја освои шампионската титула, Денвер не се прослави многу во плејофот и ниеднаш не стигна ниту до конференциското финале и покрај тоа што во своите редови има еден од најдобрите кошаркари на денешнината. Лани и преклани беше елиминиран во полуфиналето на Западот, а годинава испадна уште во првата рунда.
фото: x.com/nuggets