Шкендија без право на кикс му гостува на Силекс!
За македонскиот фудбал нема празник, фудбалерите денеска ќе бидат активни на терените.
Шкендија откако загуби од Башкими на свој терен, веќе нема право на кикс, и не само тоа, тетовскиот тим треба да чека лош резултат на Вардар.
Силекс беше во низа од четири лигашки победи по ред пред да доживее пораз од Струга во минатото коло. Кратовскиот тим е тврд орев, па Шкендија би требало да има тешко гостување.
Се освен трите бода за тетовскиот тим би било катастрофа и речиси крај на трката за титулата со Вардар.
Вториот денешен натпревар е дуелот меѓу Шкупи и Македонија Ѓорче Петров. На овој меч не би требало да има дилеми околу победникот.
Двата натпревари почнуваат од 16 часот.
30. коло ПМФЛ
Петок
Силекс - Шкендија
Шкупи - Македонија ЃП
Сабота
Башкими - Вардар
Работнички - Пелистер
Недела
Струга - Брера
Тиквеш - Арсими
Табела: Вардар 71, Шкендија 67, Струга 62, Силекс 52, Тиквеш 40, Башкими 40, Арсими 38, Брера 33, Пелистер 32, Работнички 28, Македонија ЃП 27, Шкупи 1.