Гвардиола: Енрике и Компани лоши тренери, играчите на Баерн и ПСЖ - катастрофа
Суперсоничкиот фудбал воодушеви многумина и покажа во која насока ќе се движи најпопуларниот спорт во иднина. Сепак, додека светот ги следеше настаните во Франција, Пеп Гвардиола гледаше натпревар во Третата дивизија на Англија во живо. Двата гиганта во Лигата на шампионите ги тресеа мрежите (девет пати за 90 минути), а шефот на стручниот штаб на Манчестер Сити беше на трибините на стадионот во Стокпорт, за да го следи натпреварот на тој клуб против Порт Вејл (1-2) во рамките на Лига 1. Секако, тој не можеше да знае во тој момент дека ќе биде многу повозбудливо во Париз.
Очигледно дека жали што го пропушти мега-дуелот, па на денешната прес-конференција саркастично ги опиша актерите на тој натпревар.
„Го видов календарот и сфатив дека играат ПСЖ и Баерн Минхен. Си реков: Ах, каков катастрофален натпревар. Тренерите Луис (Енрике) и Вини (Компани) не се добри, а играчите се катастрофа. Вљубен сум во англискиот фудбал, па отидов во Стокпорт“, рече Гвардиола, очигледно на шега.
Потоа неговата изјава доби сериозна нота и ги истакна сите комплименти за двете екипи.
„Беше прекрасно. Тоа е фудбалот! Фудбалот е прекрасен насекаде. Беше добар натпревар, а денот потоа, кога се сретнаа Атлетико Мадрид и Арсенал - натпревар од сосема поинаков стил - повторно видовме квалитетен натпревар“, додаде шпанскиот стручњак.
Сити беше елиминиран од Лигата на шампионите во осминафиналето од Реал Мадрид, по што се фокусираше на Премиер лигата, каде што има шанса да ја освои титулата.
фото: x.com/ManCity