„Кристијано Роналдо ќе плаче на Светското првенство“

Министерот за спорт на Демократска Република Конго најави одлични резултати својата репрезентација на претстојното Светско првенство.

Демократска Република Конго е една од последните земји што се квалификуваше за Мундијалот преку меѓуконтиненталните плејоф натпревари и првпат по пауза од 52 години. По овој историски успех, министерот за спорт на оваа земја најави дека неговата селекција ќе биде сензација во Америка.

„Квалификациите за Светското првенство не беа лесни, се боревме напорно. Во нашиот прв натпревар на Мундијалот, Кристијано Роналдо ќе плаче“, навести Дидие Будимба пред воведниот меч на Светското првенство, каде што противник на Конго ќе биде Португалија.

Покрај Португалија, оваа африканска земја ќе игра во групата на Светското првенство заедно со Колумбија и Узбекистан.