Легендата на Партизан во голем скандал - се степал со свој играч
Според информациите објавени од тамошните медиуми, тренерот Саша Илиќ веќе подолго време има проблеми со некои играчи, а јавно го покажува своето незадоволство, особено кога станува збор за капитенот Сабухиј Абдулазаде. Сепак, најголемиот инцидент се случил на тренингот по натпреварот со Сабах.
Во центарот на конфликтот биле Илиќ и украинскиот дефанзивец Данило Бескоровајни, а расправијата ескалирала во физичка пресметка. По меѓусебните обвинувања, ситуацијата едвај се смирила. Последиците биле веднаш видливи – Бескоровајни не играл против Нефчи во следната рунда и го гледал натпреварот од клупата.
Јасно е дека овој однос не е одржлив, па затоа веќе се шпекулира за исходот на крајот од сезоната. Доколку Илиќ остане, речиси е сигурно дека украинскиот играч ќе го напушти клубот. Сепак, во моментов се чини пореално дека токму легендата на Партизан да си замине од Сумкајит, пишуваат Азербејџанците.